Карлеуша во Париз – Се дружеше со Миа Калифа

Поп дивата Јелена Карлеуша беше ѕвезда на модната недела во Париз.

Таа заедно со контроверзната ѕвезда на филмовите за возрасни, Миа Калифа, продефилира на пистата за познатиот бренд „Windowsen“, објави Телеграф.

Јелена е синоним за интригантен и смел стил, а оваа необична соработка предизвика бура од емоции и коментари кај модните блогерки, познатите личности и љубителите на модата.

Ова дуо беше вистинско изненадување на модната ревија, а Карли сега сподели видео како се запознале во бекстејџот.

Јелена и Миа си го пофалија изгледот, а Калифа не можеше да го сокрие ентузијазмот за српската ѕвезда.

Брендот „Windowsen“ е омилен меѓу многу светски ѕвезди кои ги носат неговите парчиња, како Ријана, Пабло Витар, Меган Ти Сталион, Вини Харлоу, Тамта и многу други.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e