Додека целиот Балкан жалеше за смртта на пејачот Ѓорѓе Балашевиќ, Вељко Ражнатовиќ, синот на Жељко Ражнатовиќ – Аркан и Цеца, објави навредлив статус за починатиот легендарен кантавтор.
Тој објави снимка од концертот што Балашевиќ некогаш го одржал во Загреб, каде што се обратил пред присутните со зборовите: „Обично пеам на мојот мајчин хрватски јазик, но имам проблем, ја зборувам расипаната верзија од хрватскиот јазик, таканаречен српски“.
Заради овие негови зборови, Вељко напиша:
„Србите, со старата проклета навика, сами по себе си мо**ме! Затоа не нè почитуваат, затоа ние секогаш сме виновни и да извинете нè е*е кој ќе стигне. Оној кој си го навредува народот, не заслужува никаков помен, никакво сеќавање. Кој Хрват ќе биде подржан ако оди во Србија и го каже ова што покојниот кантавтор, господин Балашевиќ го изјави? А вие запрашајте се дали сте нормални и колку лица имате“.
Можеби не го очекуваше тоа, но синот на Цеца наиде на остри и енергични одговори, особено од пејачката Јелена Карлеуша.
-Ѓорѓе Балашевиќ е голем српски син, голем југословенски син! Лик кој „шмекерски“ духовито и интелигентно им го тресеше кафезот на сите малограѓани и „шатор-патриоти“ од овие простори. Тој е почитуван и сакан од Вардар до Триглав. Вељко Ражнатовиќ е син на воен злосторник и криминалец, човек кој е црна дамка во српската историја и срам за овој народ. Не дозволувам името на Ѓорѓе Балашевиќ вака да се сквернави! Не дозволувам – напиша Карлеуша на Инстаграм.
Во „конфликтот“ се вмеша и Анастасија, сестрата на Вељко. Таа реши да ги потсети сите на една жена од минатото, а причината очигледно е темата за логорот во Јасеновац и страдањата на Србите.
Станува збор за Дијана Будисављевиќ:
-Австријка која спаси 10.000 деца од логорот во Јасеновац – истакна ќерката на Цеца на фотографијата од Дијана.
Речиси сите актуелни политичари од Балканот, или поточно поранешна Југославија на социјалните мрежи покажаа почит кон Балашевиќ и неговото дело, вклучувајќи ја и српската премиерка Ана Брнабиќ.
Балашевиќ во Србија важеше за „непожелна личност“ поради неговите концерти во повоеното Сараево во 1998 година. Сепак, изјавите на политичарите за поени на тема „патриотизам“ народот ги ингорираше и неговите концерти, каде и да се одржуваа беа во преполни сали.