Контроверзниот рапер Канје Вест вели дека е „уништен до срж“ откако неколку големи компании го откажаа неговиот договор, што го чинеше повеќе од една милијарда долари.
Се започна со неговите антисемитски коментари на Твитер, за кои доби многу критики, вклучително и од неговата поранешна сопруга Ким Кардашијан.
Канје се пожали на Инстаграм дека неговата „империја се распаѓа“ и напиша на Инстаграм затоа што „сè уште му е дозволено да постои на платформата на Марк Зукенберг“.
Вест побара ревизија на договорите со компаниите кои ја откажале соработката.
– Да ги погледнеме договорите за да можеме подобро да работиме – напиша Канје.
– Јас сум уништен до срж и се уште никој не одговара за тоа – пишува раперот и додава:
– Непознати сили се обидуваат да ми го уништат животот поради твит.
Имено, раперот на Инстаграм инсинуираше дека раперот Диди е контролиран од Евреи. Објавата на Вест се состоеше од снимка на која тој разговара со колега за контроверзните маици „White Lives Matter“ кои ги претстави на модна ревија во Париз.
Покрај тоа, тој на Твитер напиша дека наскоро ќе започне „борба против Евреите“, мислејќи на скалата за подготвеност на американската војска позната како DEFCON. Објавата набрзо беше отстранета, а неговиот профил на социјалните мрежи беше привремено блокиран.