24-годишната Кајли Џенер и нејзиниот 30-годишен партнер Тревис Скот го добија своето второ дете.
Ѕвездата на шоуто „Keeping Up With the Kardashians“ објавила црно-бела фотографија на Инстаграм на која се гледа раката на бебето и на нејзината постара ќерка Сторми и потврдила дека приновата во семејството пристигнала на 2-ри февруари.
Иако гордата мајка не го објавила полот ниту името на бебето, „E! News“ пренесува дека таа родила момче, а потврдата за тоа е наводно описот на фотографијата во кој го напишала датумот на раѓање и ставила сино срце. Интересно е што бебето се родило само еден ден по роденденот на 4-годишната Сторми.
Кајли ја потврди својата бременост на почетокот на септември, неколку недели откако бројни извори за „E!“ открија дека нејзиното семејство ќе се прошири и додале дека Тревис ѝ е голема поддршка во текот на бременоста.
„Дефинитивно се неразделни и се голема потпора еден на друг“, изјавил извор близок до парот.
Кајли и Тревис се во врска од 2017 година, но прекинаа 2 години по раѓањето на Сторми. Сепак, заедничката грижа за детето повторно ги зближи, по што ја обновија својата врска, а сега истата ја крунисаа и со второ дете.