Првата бременост најбогатата американска старлета, Кајли Џенер вешто ја сокри од очите на јавноста, но сега веќе се знае и таткото на нејзиното второ дете.
Медиумите долго време шпекулираа дека најмладата членка на кланот Кардашијан Џенер, Кајли е повторно бремена, сега странските медиуми потврдуваат дека веста е точна, и дека Кајли повторно ќе се оствари во улогата на мајка.
Татко на втотото дете на Кајли ќе биде раперот Тревис Скот, таткото и на нејзиното прво дете.
Кајли и Тревис во 2018 година ја добија малата Сторми.