Јована Јеремиќ поминува низ тешки моменти откако беше, како што вели, предадена од луѓе што најмногу ги сакала. На социјалните мрежи сподели дел од инспирацијата што повторно ѝ се враќа, иако скршена од болка.
Издaна од оние што најмногу ги сакав, скршена во парампарчиња, напиша таа, истакнувајќи дека започнува нова фаза во нејзиното творештво.
Водителката не ја крие желбата да издаде книга во чест на својот починат татко Миоград, кој почина во јуни по борба со тешка болест. Книгата ќе ги содржи нејзините цитати и мисли, како симбол на сила и животни лекции.
И покрај личната трагедија, Јована Јеремиќ не се повлече од јавниот живот. Продолжи да работи, а веста за смртта на татко ѝ ја објави дури по погребот, со цел да ги избегне луѓето кои, според неа, не биле со неа кога најмногу ѝ требале.
Таа емотивно откри дека не сакала да дозволи лицемерие и присуство на луѓе што ја напуштиле во најтешките моменти.
Тоа беше моја морална обврска. Не сакав сожалување. Јас водев програма, а мојот татко лежеше во ковчег“, рече таа, додавајќи дека некои нешта нема да ги прости никогаш.