Интернетот „гори“ од критики на сметка на Мадона бидејќи украла фотка од Инстаграм

Музичката дива Мадона се најде на мета на обвинувања за потези што никој не би очекувал да ги види. Имено, целиот свет зуи за фотографијата на легендарната пејачка од 2015 година, која сега стана вирална поради очигледна употреба на Фотошоп, но и кражба. Авторот на хитот „Vogue“ не ги поправи недостатоците, како и повеќето нејзини колеги, но ја „залепи“ главата на телото на непозната Тиктокерка, која сега откри дека се обидела да контактира со нејзиниот тим, но никогаш не добила одговор…

Имено, корисникот на TikTok, Амелија М. Голди сподели видео во кое тврди дека 62-годишната пејачка ѝ ја украла фотографијата и го фотошопирала лицето врз телото.
Младата девојка истакна дека станува збор за фотографија на „поп кралицата“ како позира на креветот во маица со логото на Joy Division, мини здолниште и чизми до глужд на високи потпетици, а го објави во 2015 година за да го промовира својот албум ’ Rebel Heart ‘.

Амелија М. Голди рече дека прво помислила дека се работи за шега кога првпат го видела објавувањето, така што не го сфатила сериозно се додека не забележала обработена фотографија објавена на официјалниот Инстаграм профил на славната музичарка.


„Се обидов да ја контактирам двапати преку Инстаграм, но немаше одговор. Дефинитивно би се смеела и би рекла дека сум поласкана, но секако дека сакав да видам дека сум потпишана“, рече ТикТокерката во интервју за BuzzFeed.

И покрај негодувањата во јавноста, Мадона и никој од нејзиниот тим досега не се изјаснија или ги негираа обвинувањата, а фотографијата објавена во мај 2015 година сè уште стои на нејзиниот профил.

Револтираните обожаватели на изведувачот на хитот ‘Material Girl’ ја критикуваа за кражба и Фотошоп, а повеќето не можат да не бидат изненадени што и по целата драма, таа сè уште не ја отстрани контроверзната фотографија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e