Илон Маск и официјално стана сопственик на Твитер

Американскиот милијардер Илон Маск и официјално стана сопственик на социјалната мрежа Твитер, по неколкумесечни преговори со акционерите.

По преземањето на компанијата, Маск отпушти неколку врвни директори и најави дополнителни отпуштања, пренесува Ројтерс.

Тој рече дека сака да ги „победи“ спамботите и да ги направи јавно достапни алгоритмите кои одредуваат како содржината им се презентира на корисниците и спречуваат платформата да стане место на омраза и поделби.

Засега Маск не даде детали како ќе го постигне сето ова и кој ќе ја води компанијата,пренесе Блиц.рс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e