Холивудскиот заводник Џорџ Клуни наполни 60 години

Еден од најголемите холивудски заводници, Џорџ Клуни, денес наполни 60 години. Неколку дена пред неговиот роденден, во интервју за „Entertainment tonight“, тој рече дека нема да има прослава на роденденот.

Судејќи според неговата изјава, тој не е воодушевен што ќе зачекори во седмата деценија од својот живот.

„Што се однесува до мојот 60-ти роденден, не сум возбуден, но тоа е подобро отколку да сум мртов“, рекол Клуни.

Во продолжение на разговорот, тој зборувал за тоа како ги учи своите близнаци за вредностите на хуманитарната работа.


„Тие се уште немаат ниту четири години, па затоа не го разбираат тоа. Моите деца секогаш, кога земаат играчка, велат „Ова е за сиромашни луѓе“. Јас на тоа им велам ‘„Ајде да го ставиме во корпа и да го однесеме на сиромашните“. И тогаш на нивните лица гледам дека се шокирани од таа реалност“, вели актерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e