Гоца Тржан и нејзиниот сопруг Раша Новаковиќ донесоа важна одлука која ќе им го промени животот

Пејачката Гоца Тржан и нејзиниот сопруг Раша Новаковиќ по неуспешните инвитро-оплодувања донесоа одлука да посвојат дете. Сопружниците сакаат на едно дете да му дадат подобар живот.

Гоца беше многу тажна кога доби негативен резултат, сепак не се предава, таа е голем борец и не сака да падне, а најголема поддршка има од сопругот Раша. Иако петти пат беше на вештачко оплодување, веројатно ќе се обидат повторно по некое време. Сепак, тие разговарале и решиле доколку наскоро не успеат да се реализираат како родители, да започнат со процесот на посвојување. Разговарале со Сергеј Ќетковиќ, кој посвои две девојчиња, а тој им објаснил се’ за постапката. Бидејќи веќе ја има ќерката Лена, Гоца би сакала да посвои момче“ – вели извор за Стар.

Пејачката неодамна за домашните медиуми проговори за одлуката да посвои дете. Таа откри дека таа и Раша немаат можност да посвојат новороденче. Според законот во Србија, 48-годишна жена не може да посвои новороденче, бидејќи разликата меѓу посвоителот и посвоеникот не смее да биде поголема од 45 години.

Постапката за посвојување деца е морничава бидејќи мора да се исполнат различни барања, а има и одредени ограничувања. Мора две-три години да собираш хартии и да се бориш со глупости. Разговарав со Сергеј Ќетковиќ, кој ги посвои своите ќерки и кој ќе се обиде да направи нешто за да ги забрза тие процедури. Бидејќи не можеме да посвоиме бебе, јас и Раша се договоривме да избереме дете на кое финансиски ќе му помогнеме“ – открива Тржан за „Глорија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e