Холивудската дива Деми Мур отворено проговори за изневерувањето на нејзиниот сопруг пред самата свадба.
Една од најпознатите холивудски актерки, Деми Мур, повторно е во центарот на вниманието, не само поради новиот провокативен едиторијал за списанието „Гламур“, во кој беше прогласена за Жена на годината на 62-годишна возраст, туку и поради нејзините сочни интимни признанија кои повторно ја шокираа јавноста.
Во својата автобиографија „Inside Out“, Деми откри голем број шокантни детали за својот љубовен живот, вклучувајќи го и изневерувањето пред свадбата. Деми Мур призна дека го изневерила својот прв сопруг, музичарот Фреди Мур, ноќта пред нивната свадба во 1981 година.
Како што тврди, вечерта ја поминала со својот колега, актерот Пол Карафотес, кого го запознала на снимањето.
„Наместо да работам на моите завети, отидов кај друг маж“, призна таа. „Знаев дека не сакам да се мажам, но немав сила да се повлечам. Барем можев да го саботирам бракот и го направив тоа.“
Нивниот брак траеше пет години, а Деми подоцна призна дека во тоа време немала никаква почит кон институцијата брак.
Љубовен живот полн со подеми и падови
Фреди Мур (1981–1985) беше првиот сопруг на Деми Мур, а таа сè уште го носи неговото презиме. Брус Вилис (1987–2000) е нејзиниот најпознат сопруг и таа има три ќерки од бракот со него: Румер, Скаут и Талула. Тие останаа блиски пријатели и денес. Третиот брак беше со Ештон Качер (2005–2013) и предизвика вистинска медиумска бура, делумно поради 15-годишната разлика меѓу нив, но и поради гласините за неверство.
