На социјалните мрежи често се полемизира за тоа која е најдобрата серија или филм.
Гледачите неодамна разговараа за една серија, која ја нарекоа „најдобрата серија во последните 10 години“ и „најдобрата серија на „Netflix“ досега“. Станува збор за анимираната ТВ серија за возрасни – „BoJack Horseman“.
„Без разлика што ова е комедија, ќе ви треба терапија по оваа серија. Сепак, вреди. Ова е ремек-дело“, пишуваат гледачите, пренесува „Unilad“.
За што се работи?
„BoJack Horseman“ е сатирична пародија на современиот начин на живот на холивудските ѕвезди. Ја отсликува целата американска култура на медиумите и шоу-бизнисот во општество каде што луѓето и разни антропоморфни животни живеат заедно, а приказната на серијата се врти околу главниот јунак Боџек Хорсмен, остарена ѕвезда на хумористичната серија „Horsin’ Around“ од 90-те години, кој минува низ средовечна криза.
Во обид да ја врати својата некогашна популарност и љубов кон јавноста, Боџек се обидува да напише автобиографска книга, но поради мрзеливост не може да се справи со тоа, па откако ќе убеди агент и издавач, ангажира писателка од сенка, Дајана Нгујен да напише „автобиографија“, која потоа посветува многу време на нивно запознавање, учење за неговото минато и работа.
Приказната е испреплетена со сеќавањата на Боџек и неговиот сегашен живот во кој тој исто така мора да ги балансира желбите и приоритетите на неговиот агент и поранешната девојка, принцезата Керолајн, лудите и непромислените идеи на неговиот цимер Тод Чавез и неговиот пријател и колега Мистер Пинатбатер.
„Секоја епизода е полна со емоции“
Серијата има оценка 8,8 на „IMDb“, што ја прави една од најдобро оценетите на овој сајт. Има високи 93% на „Rotten Tomatoes“.
„На почетокот мислев дека ова е уште еден лош цртан филм за возрасни, но не е. Поинаков е. Погрижете се оваа серија да не ви го скрши срцето. Секоја епизода е полна со емоции, ве тера да размислувате за животот. Ќе плачете за време на некои епизоди“, гласи еден коментар.
„Ова можеби е најважната и најдобрата анимирана серија од Симпсонови“, се вели во рецензијата на магазинот „Time“ за 2019 година.