Георгина Родригез заврши во болница

Сопругата на Кристијано Роналдо, Георгина Родригез, на социјалните мрежи откри дека била отпуштена од болница откако таму поминала неколку денови. Како што објасни ѝ било дијагностицирана пневмонија.

„Конечно сум повторно дома! Поминав четири дена во болница со пневмонија. Подобра сум, но сè уште се опоравувам опкружена со семејството“, напиша Георгина покрај фотографијата од болничкиот кревет.

„Голема благодарност до лекарите, медицинските сестри и другите во болницата. Благодарна сум што толку прекрасно се грижеа за мене“, додаде таа.

Таа покажа и дека Кристијано Роналдо Јуниор (14), кој фудбалерот го доби од сурогат мајка, во овие тешки моменти ѝ подарил голем букет цвеќе.

Snapinsta.app_464482510_1551446535501000_8006554304851959258_n_1290

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e