Фризерот на Роналдо пронајден мртов во хотел

Рикардо Маркез Фереира, идентификуван од медиумите во Португалија како фризер на sвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо, беше пронајден мртов во хотел во Цирих, Швајцарија. Веста прв ја објави „Корејо ди Манх“.

Во материјалот се објаснува дека Фереира бил пронајден мртов во неговата хотелска соба во швајцарски град. На неговото тело имало бројни прободни рани. Очевидци велат дека гледката била потресна и околу телото имало локва крв.

Собарката, која прва влегла во собата и го видела трупот, сведочела дека почуствувала силен мирис на алкохол. Според други сведоци, убиениот бил во друштво на пријател претходно. Луѓето во соседната соба, пак пријавиле во рецепција за чудни звуци кои доаѓаат од наводната криминална сцена. Циришката полиција сè уште трага по убиецот.

Фереира е роден на Мадеира, исто како и Кристијано Роналдо. Во 2015 година, тој објави фотографија на која се гледа како помага во усовршувањето на изгледот на фудбалерот. Убиениот фризер имал и други познати клиенти, меѓу кои и голем број португалски актерки и модели. Две години живеел во Цирих. Тој се пријавил во хотелот, каде е сторено кривичното дело, пред една недела.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e