Пејачката Јелена Карлеуша ја дочека новата 2022 година пред Собранието во Белград, каде одржа концерт за паметење пред десетици илјади луѓе.
Карлеуша инаку е позната по своите необични комбинации и уникатни костими за настапи, па така од неа се очекуваше многу за новогодишната ноќ, а пејачката ја исполни својата задача.
За време на концертот таа се преоблече неколку пати, а костимите беа неверојатни. Доминираа златните, црвените и белите тонови, во склад со празничната атмосфера.
Карлеуша смени неколку улоги – беше снежна кралица, со долга бунда, а потоа и ледена кралица, кога ја соблече бундата, а под неа остана бел костим со имитација на мраз.
После тоа, се претвори во огнена Баба Мразица, а за крајот на настапот беше резервиран златен костим во кабаре стил, па дури имаше и пердуви на главата.