Многумина ја препознаваат како поранешна водителка на Бекстејџ, но таа започна ново поглавје и стана позната инфлуенсерка која рекламира многу модни брендови.
Миа Костова важи за жена „без влакна на јазикот“ и секогаш кажува што мисли, но покрај тоа Миа изгледа како милион долари.
Таа четврта година по ред инфлуенсерката Миа Костова е домаќин-водител на официјалниот избор на Мажи на годината, а овојпат се појави во долг црн фустан и издоминира.
Црниот фустан од тантела и тул ги истакна сите нејзини атрибути, па Миа изгледаше како излезена од модно списание, а фризурата и шминката потсетуваа на познатата Мерлин Монро.