Анастасија Ражнатовиќ вчера го прослави својот 23 роденден во еден ресторан во Белград, а сите со нетрпение чекаа да видат во какво издание ќе се појави пејачката.
Секако, згодната пејачка уште еднаш ја потврди титулата на вистинска трендсетерка и ги воодушеви сите присутни со мини фустанот кој ја истакна нејзината фигура на најдобар можен начин.
Целата комбинација ја имаше надополнето со сандали, а косата ѝ беше брановидна.
Кога е во прашање шминката, како и секогаш, за тоа беше задолжен еден од најпознатите шминкери во Србија, Лазиќ Душан, попознат како Лаза, кој на Анастасија ѝ ги нагласи очите.
Славеничката просто блескаше во жолтиот фустан, а покрај роденденот Анастасија имаше уште една причина за славење. Имено, таа вчера на публиката ѝ претстави дури две песни – „Готово“ и „Извини“, а песните за само неколку часа собраа над половина милион преглед.
На прашањето како го дочекала роденден, пејачката за медиумите го одговори следното: „Немаше изненадувања оваа година, бев дома со мама и Богдан и моето момче. Се напивме по еден пијалок и малку зборувавме. Мене ми е во ред што суптилно го направивме тоа“.