Една од најпопуларните 50+ инфлуенсерки редовно нè воодушевува со секоја своја објава, а модните избори на ненадминливата Пилар де Арсе за оваа пролет и лето се едноставно фантастични.
Инспиративните модни комбинации кои ги објавува Пилар се приказ како треба да изгледа една добро стилизирана жена по 50-та година од животот, иако нејзините стајлинзи можат да ги носат и помлади жени.
Дека модните комбинации неретко со многу скромен буџет се специјалност на Пилар, не е никаква новост, а витката Шпанка одново и одново го докажува својот истенчен вкус за мода.
Прекрасната бринета од Сан Себастијан во краток рок се наметна како една од најпопуларните модни инфлуенсерки и дама со непогрешливо чувство за мода која без проблем им конкурира и на двојно помладите модни блогерки.