Оваа спортска водителка и новинарка ја крева температурата кога ќе се појави на натпреварите или пред камерите во Северна и Средна Америка.
Меѓутоа, изгледа дека сега неа би можела да ја засени Химена Санчез, атрактивната 36-годишна Мексиканка која работи на американската “Fox Sports”.
Поширока популарност стекнала со објавата на провокативни и разголени фотографии на социјалните мрежи и веднаш им влегла во око на бројните медиумски куќи кои сфатиле дека нејзиниот изглед би можел да им ја зголеми популарноста и гледаноста кај машкиот дел од публиката.
Добила ангажман и благодарение на тоа што следи спорт, па известува за бројни големи спортски настани по Северна и Средна Америка.
За нејзината популарност придонело и домашното виде кое протекло во јавноста и веќе со години кружи на интернет, меѓутоа, изгледа таа воопшто не му обраќа внимание.