Северина вчера на својот Инстаграм профил го испрати последниот ден од својата 48 година, за денес со нови сили да ја пречека 49.
Во описот под фотографијата, Северина напиша дека од своите 48 години извлекла многу искуство. Оваа 49 ја пречека храбро и и’ порача да биде среќна, весела, да танцуваат заедно, безгрижна, сакана и мудра.
,,Не се откажувам и ниту една година пред тебе не ми ја зеде вербата и надежта во добрината, иако некои сериозно се потрудија,” напиша пејачката.