(ФОТО) Зајачица во бикини, најновата објава на Карлеуша ги шокираше фановите

Поп ѕвездата Јелена Карлеуша изненади и шокираше многумина со своите провокативни фотографии на Велики петок, а испрати и силна порака која многумина ги натера на размислување.

Карлеуша на својот Инстаграм профил објави низа провокативни фотографии на кои позира во минијатурно розе бикини, а на главата има огромна маска од зајак.

Пејачката го сврте грбот кон камерата и покрај атрибутите покажа зошто многумина велат дека кога е изгледот во прашање, таа нема конкуренција. Освен провокативни кадри, Јелена сподели и порака за Велигден.

– За овој Велигден покажете милост кон животните, особено ако самите тврдите дека сте верници, дека сте добри луѓе и дека ги сакате животните! Во името на Господ во кој верувате, ништо не може да се убие – ја започна објавата Јелена.

– Верата е љубов, верата е милост и простување, верата е нова надеж, а не убиено животно на чинија. На оваа планета, која сила и да ја поплави, секој има право на живот – заклучила пејачката.

Објавата на Јелена дефинитивно привлече големо внимание кај нејзините следбеници, а сите ја коментираат пораката на пејачката за Велигден.

„Карлеуша нема конкуренција“, „Слики за привлекување на сечие внимание и силна порака“, „Лудо колку добро изгледа“, „Додека другите најавуваат како бојадисуваат јајца, Јелена покажува зошто е најсилната риба на естрадата“, Се прашував поради твојот опис, браво, „не можам да го тргнам погледот од тебе“, се дел од коментарите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e