Македонскиот пејач Васил Гарванлиев неодамна се вери во Америка, но неговиот вереник остана непознат за јавноста се до денеска.
Имено Васил реши да да го покаже својот вереник и на својот Инстаграм профил сподели неколку заеднички фотографии.
Во описот на фотографиите Васил стави изненадувачки опис со кој најверојатно соопштува дека стапил во брак.
„Двајца станаа едно
Среќен месец на гордоста. Останете верни на вас и секогаш следете ги вашите соништа“, стои во описот.