Лукас Браво, француски модел кој го игра Габриел во хит серијата на Нетфликс – „Emily In Paris“, неодамна ја отвори својата душа во интервју за „Times“ и ги споделил своите размислувања за тоа дека е означен како „срцекршач“.
Французинот додава дека е често типизиран поради својот изглед, за кој смета дека го ограничува во добивање на посложени актерски улоги.
„Не можеш да бидеш естетски убав, да бидеш паметен или да имаш длабочина. Постојано добивав улоги како глупав професор по физичко образование. Тешко е да се разбие таа слика. Не сум само убав. Не се жалам, секако, но тоа е реалноста“, вели Лукас.