Мадона објави неколку разголени фотографии на Инстаграм. Таа позира топлес и го привлече вниманието на фановите.
„Те обожувам“, „Омажи се за мене“, „Ти си најдобра“, „Лоша девојка“, „Гориш“, се само некои од коментарите под серијата фотографии, што собраа скоро 500.000 лајкови.
Некои од фановите беа загрижени за пејачката откако забележаа дека нејзиното око на една од фотографиите изгледа како да крвари. Тие и рекле дека се надеваат дека се`е во ред.
Инаку, Мадона е во врска со 36-годишниот Ахламалики Вилијамс. Минатиот месец беа заедно во Италија, каде пејачката го прослави својот 63 -ти роденден.