Популарната пејачка Теа Таировиќ ја „запали“ публиката во проѕирен фустан за време на настап во Бугарија, а со жежок танц ја доведе атмосферата до треска.
Пејачката настапи во еден клуб во Софија, а за оваа прилика избра проѕирен фустан од тул под кој носеше црна долна облека. Тесната креација ги истакна бомбастичните атрибути на Теа, а кога ги „измеша“ создаде хаос.
Додека го изведуваше нејзиниот хит „Хајде“, Таировиќ се мрдаше, се креваше нагоре и надолу, па замеша како професионална танчерка, па сите секако ја гледаа без да трепнат.
Судејќи по снимката, Теа направи луда атмосфера и ја запали публиката со својот жежок танц во проѕирен фустан.
„Лудило колку енергија“, „И, леле“, „Каква бомба“, „Чајот е жив оган“, „Не е ни чудо што таа е кралица на бакшишите “, се дел од коментарите.