(ФОТО) Сузана Турунџиева и Атиџе во Инстанбул: Премногу ЗНАЦИ за да биде случајност!

Нашата добро позната хероина од филмот „Медена Земја“, Атиџе Муратова и позната пејачка, водителка и писателка Сузана Турунџиева пред неколку дена заминаа во Истанбул.

Сузана и Атиџе се сликаа со најновата, најголемата и највисоката џамија која се гледа од сите страни на Инстанбул, во недела беа на пазар, на чај муабет,итн.

Имено посетата на Инстанбул всушност беше дамнешна желба на Атиџе, а Сузана и ја исполни желбата.

Меѓутоа последната објава на Сузе го привлече вниманието на сите фанови.
„Премногу ЗНАЦИ за да биде случајност!
При првото пристигнување во Истанбул, на ролетните на апартманот во кој престојувавме воочивме пчели и саќе, внатре единствено на креветот на Атиџе имаше постелнина со пчели (без никој претходно да биде информиран дека ТАА доаѓа таму), во првата продавница кај што пазарувавме не пречекаа 2 весели пчелки, а во кафето кое 5мина си го нарачавме, однекаде се појави пчелка и се удави баш во на Атиџе филџанот“, напиша во објавата Турунџиева.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e