Карлеуша денеска примила вакцина против корона вирусот.
Популарната пејачка се вакцинирала во пунктот во шопинг центарот Ушче.
По примањето на вакцината против ковид Јелена изјавила:
-Сега се вакцинирав, се чувствувам одлично. Не осетив ништо кога ме боцнаа. Ова е голема работа за Србија, треба да се биде одговорен и да им се даде поддршка на здравствените работници, ние можеме да бираме вакцина. Примив вакцина Фајзер, досега не ја прележав корона, исткната популарната Карли.
Атрактивната пејачка на вакцинирање стигнала во бела комбинација и била поздравена и од заменик градоначалникот на Белград Горан Васиќ.
Вакцинирањето на Карлеуша предизвика огромен интерес кај медиумите во Србија.