Старлетата Сораја Вучелиќ неодамна отпатува за Турција каде е во рацете на најдобриот пластичен хирург и таму таа извршила уште една трансформација на своето тело.
„Кралицата на силиконите“ иако не откри што операција направила на своето тело сподели фотографија со фановите, па ги остави сами да се помачат и да откријат за што станува збор.
Имено таа сподели фотографија на која во преден план се најде нејзиниот задник, но многумина се запрашаа дали Сораја направила корекција на своето лице, наместо на задникот кој го истакна во прв план.
„Мојот доктор е најдобар“, напиша старлетата и покрена лавина на коментари.