Латино дивата Софија Вергара со години важи за една од најубавите и најзгодните жени во светот.
Магичната актерка од Колумбија со своите облини ја разгорува фантазијата на мажите ширум светот, а нејзината најнова фотографија на Инстаграм не е за оние со слабо срце.
Имено, ѕвездата на серијата „Модерно семејство“ се најде во нова улога, ни помалку ни повеќе туку како судија во шоуто за таленти, „Америка има талент“. Таа за своите придружници на Инстаграм сподели свое издание за од едно снимањата.
Таа овој пат се одлучила за тесен црн комбинезон кој во горниотдел има корсет полн со кристали, а по должина на нозете кристални реси. Креацијата е дело на модната двојка „Dolce & Gabbana“, а таа го зачини ова впечатливо парче со висечки обетки, кармин во боја на бобинки и брановидна фризура. Нејзината фигура на песочен часовник и градите ја вжештија. Што би рекле Шпанците – Muy caliente! (Таа гори!).
Логично, сликата предизвика верижна реакција на социјалните мрежи, собра повеќе од 258.000 „лајкови“, а коментарите се нижеа со огромна брзина – од тоа дека Софија е кралица и наследничка на Ракел Велч, до тоа дека е инспиративна и убава, додека некои предност дадоа на емотиконите со пламен кои најверодостојно го опишуваа нејзиниот изглед.
Во истото издание, таа објави и видео со нејзината колешка од шоуто, манекенката Хајди Клум, каде покажа како си поминуваат на паузите од снимањето.
Извор: srecna.republika.rs