(ФОТО) Синот на Балашевиќ со прва објава по неговата смрт: Нема тага, ниту жал…

Алекса Балашевиќ, син на легендарниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ, се огласи на Инстаграм за прв пат по смртта на неговиот татко.
Тој објави фотографија на која позира со неговата мајка Оливера и неговиот покоен татко и напиша емотивна посвета.

“Кога станува збор за тебе, нема тага , ниту жал … Само среќа и вечност. Едноставно е …”, напиша тој покрај фотографијата.
Бројни следбеници оставија срца со нивните коментари.
Инаку, Алекса раскажа за големата љубов на татко му и мајка му минатата година и истакна колку е горд на фактот дека е нивно дете.

“Денес е премногу лесно да се биде славен, и јас не сум само дете на славни родители, туку дете на големи луѓе. Божествени. Уметничка династија. Глобални власти”, рече тој во интервју за српски Hello.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e