Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски кој само пред неколку месеци на социјалните мрежи откри дека има нова сакана во неговиот живот, денес ја изненади јавноста со што сподели дека се оженил.
Имено Кајмакоски на Инстаграм објави фотографија како ја бакнува својата сакана и напиша „Just Married“.
Потоа пејачот сподели уште една фотографија на која со сопругата пијат кафе а воедно и ги покажаа венчалните бурми.