Холивудската актерка Шерон Стоун (64) на Инстаграм сподели со своите следбеници дека ужива во топол ден покрај базен и воодушеви многубројните фанови.
На фотографијата актерката носи зелени и црни долни бикини со леопард принт, а горниот дел од телото стратешки го прекри со пешкир и го украси вратот со долга златна огрлица.
„Несовршен на совршен ден“, напиша Стоун покрај објавата.
„Кралица“, „Икона“, „Се обидувам да дознаам што е несовршено“, „Ви благодариме што останавте реални среде сите лаги и уредување фотографии“, се само дел од коментарите.