Пејачката Северина одмара на Малдиви, а следбениците ги воодушеви со најновата објава на Инстаграм.
Имено, таа објави неколку фотографии на кои ужива додека шета по плажа и боса шета по песок, а облече прекрасен бел долг фустан.
Нејзините придружнички биле воодушевени од сцената, и ја пофалиле за нејзиниот изглед, проследен со бројни лајкови.
„Колку си убава“, „Колку си постара, толку си поубава“, „Убав ти е тој фустан“, „Таа боја многу ти стои“, „Се гледа дека навистина уживаш“, се само дел од коментарите под фотографиите.