Северина Вучковиќ на својот Инстаграм профил објави фотографија со мистериозно момче преправено во Џокер.
На сликата пејачката има прилично тажен израз на лицето, а нејзиниот Џокер позира со пурпурен пиштол.
„Болката не е секогаш во солзите, понекогаш е во насмевката“,Северина го цитирала Џокер во описот на фотографијата. Сликата за неколку часа собра речиси 15.000 лајкови, а имала и многу смешни коментари.
„Како се сакате, човек се убива за вас“, „Ова е слика од мене и мојот бивш“, „Севе не изгледа многу заинтересирана за Џоки“, пишуваат фановите во коментарите.