Кога Северина ќе објави нова фотографија на Инстаграм, нејзините обожаватели или остануваат без зборови или пишуваат многу впечатливи коментари, како и овој пат.
Пејачката објави фотографија на која позира во длабоки чизми и црн краток фустан. Нејзините долги витки нозе дојдоа до израз, а деколтето го покри со косата.
-Изгледа како да сум седнала и сфатила нешто… а всушност само сум седнала, напиша Северина под објавата.
„Убава си“, „Изгледаш се подобро и подобро“, „Ти нема рамна“ се само дел од коментарите.