(ФОТО) Севе сподели фотографија од својот покоен татко Север

Хрватската пејачка Северина се присети на својот покоен татко Север Вучковиќ и за првпат сподели негова фотографија на социјалните мрежи.

„Мојот татко Север“, напиша Северина и во описот на фотографијата го додаде датумот 7 февруари.


„Моето име значи строгост и правда. Таква сум, навистина. Татко ми сакаше да ме крсти Наташа, но мајка ми го обожаваше мојот татко, а тој се викаше Север. Дедо ми им давал имиња на своите деца по страните на светот. Верувале или не. Тој имал четири сина – Север, Југ, Исток, Запад, а ќерка му се викала Деница. Меѓутоа, таа идеја не ѝ се допаднала на баба ми, па така мојот татко добил друго крстено име. Сепак, од непозната причина, мојот татко го задржал името Север, а јас го добив името по него“ раскажала Северина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e