Северина се врати од одморот на егзотичните и омилени Малдиви, се уште е под импресии од патувањето, па објавува фотографии направени таму.
Сега таа се подготвува за концертни турнеи, па на Инстаграм ги повика сите на настап во Брчко, а има посебна молба.
– Облечете се во сино како море и жолто како сонце. И облечете се топло, затоа што треба да бидеме здрави, напиша Северина во описот на фотографија на која позира во бела наметка.