(ФОТО) Сестрите Џиџи и Бела Хадид како од мајка родени во рајска градина

Џиџи и Бела Хадид учествуваат во новата кампања на Versace, која предизвика различни реакции во јавноста, но едно е сигурно – никого не остави рамнодушен.

За потребите на кампањата, тие се трансформираа во библискиот лик на Ева, а позираа буквално како од мајка родени.

И двете најинтимниот дел од телото го сокрија со чанти од Mini Medusa по цена од 1.530 фунти, додека нивните голи гради ги криеја долги брановидни перики.

Фотографијата е инспирирана од рајската градина, па околу ногата на Бела е обвиткана змија, а сестрите во раката носат јаболко, симбол на првобитниот грев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e