Селин Дион, среде своето закрепнување од болеста, споделила фотографија на која позира заедно со своите 3 синови во чест на Денот на мајката и им оддала почит на семејствата кои се разделени поради војната во Украина.
Пејачката моментално поминува низ тежок период бидејќи страда од здравствени проблеми поради кои морала да ја одложи својата турнеја. Но, таа во неделата имала причина за веселба бидејќи заедно со своите деца го прославила Денот на мајката.
Дион позирала со своите синови, 21-годишниот Рене-Чарлс и 11-годишните близнаци Еди и Нелсон со торта и свеќи, фалејќи ги сите „храбри мајки кои се затекнати во конфликтот“.