Ќерката на славниот рапер Еминем, Хејли Џејд Метерс привлече внимание со разголените фотографии.
Позираше во бел костим за капење, а на главата имаше шешир.
„Подготвена за летните денови“, напиша Хејли во опис на фотографијата.
До израз дојдоа нејзините облини, а следбениците ја опсипаа со разни комплименти на сметка на изгледот.
Еминем ја доби Хејли со поранешната сопруга Кимберли Ен Скот во 1995 година.