Топ моделот и поранешна сопруга на Марко Јариќ, Адријана Лима, се породи на 28 август и роди момче, првиот наследник со филмскиот продуцент Андре Лемарс.
Светските медиуми денеска ја објавија веста дека една од најубавите жени на светот стана мајка по трет пат.
Според „Дејли мејл“, Адријана се породила на 28 август.
Самата манекенка се огласи на Инстаграм, кога сподели слика од окото на бебето.
– Цијан е боја помеѓу зелената и сината боја на видливиот светлосен спектар. Цијан е бојата на водите на Бора Бора и Малдивите, места на нашата семејна листа. Сино е сега нашата омилена боја… бојата на очите на нашето момче. Добредојде во нашиот свет Цјан Лима Лемарс – напиша таа.