Облечена како принцеза, во венчаница која ја следи линијата на телото, мајката на популарната пејачка Викторија Лоба му кажа ДА на својот избраник вчера во Охрид.
Татјана Луговаја ги маѓепса сите со нејзината елеганција, а сега е јасно и на кого е Лоба префинета нежна убавица.
Таа и беше деверица на својата мајка, и за овој важен ден со уште две нејзини пријателки избраа елегантни небо-сини фустани, креација на младата дизајнерка Коцарева од Охрид.