(ФОТО) Сцена од бајките: Се појавија првите детали од раскошната венчавка на Џенифер Лопез и Бен Афлек

Вљубениот пар Џенифер Лопез и Бен Афлек се венчаа по втор пат во саботата.

Имено, парот застана на „лудата карпа“ пред еден месец во Лос Анџелес, но сега церемонијата ја изврши во присуство на многу пријатели, но и семејството, на имотот на Бен покрај брегот, во државата Џорџија.

Гостите беа облечени исклучиво во бели костуми, додека Џенифер носеше фустан од модниот дизајнер Релф Лорен, кој беше сошиен во Италија и изработен по мерка.

Судејќи по фотографиите, новопечениот пар се одлучил за цветен аранжман, а сцената од бајките никого не оставила рамнодушен.
jlo

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e