Пејачот Саша Ковачевиќ објави фотографии на својот Инстаграм профил и уште еднаш покажа зошто важи за еден од најатрактивните мажи на сцената.
Имено, фановите очигледно се зачудени од тоа колку добро изгледа Саша, па во изминативе неколку месеци беше мета на озборувања дека имал бројни естетски интервенции, но тој ги демантираше овие наводи.
Сега со нов сет фотографии привлече големо внимание со оглед на тоа што до израз дојдоа неговите извајани стомачни.
Тој покажа колку е во добра форма, а неговиот физички изглед никого не остави рамнодушен.
За многу кратко време доби многу позитивни коментари, меѓу кои и оние кои не веруваат дека тоа е само мајката природа.
„Гориш“, „Колку добро изгледа, неверојатно“, „Само здрава храна и теретана, нели? Малку утре“, се само дел од коментарите.