Пејачката и харфистка Сара Костадиновска (Сара Мејс) по примерот на многу светски познати имиња, направи фотосесија во деветтиот месец од бременоста, со сопругот, водителот Димитар Атанасовски и нивната ќерка Илина.
Сара е во деветтиот месец од бременоста и со Димитар го очекуваат своето второ дете, момче.
Пејачката објави галерија од вистинска семејна идила.
Имено, бремената Сара, Димитар и малата Илина изгледаат многу среќно еден покрај друг, додека насмеани позираат пред објективот.
На овие фотографии Сара носи елегантен портокалов, долг фустан со голи рамена, кој слободно паѓа по нејзината силуета. Пејачката со фустанот искомбинирала пердуф-обетка – аксесоар кој низ годините стана нејзин заштитен знак.
Водителот за оваа прилика избрал сини панталони со лесна бела кошула, раскопчана кај градите и изгледа како прав холивудски заводник.
Малата Илина, која со нетрпение го очекува новиот член на семејството и која на фотографиите го бакнува стомачето на мајка си, носи жолто фустанче со шешир кој одлично се вклопува во нејзинта комбинација.
Тројцата позираат боси, поради што оваа фотосесија, покрај семејната хармонија, зрачи со летен дух.