Пејачката и актерка Сабрина Карпентер (26) привлече големо внимание со појавувањето на насловната страница на магазинот Rolling Stone.
Во едиторијалот, потпишан од познатиот фотограф Дејвид Ла Шапел, Сабрина позираше во неколку впечатливи стајлинзи, меѓу кои провокативен изглед со долги екстензии кои и ги покриваа градите и задникот и бели чипкани чорапи високи до бутовите.
Фотографиите се направени на цветна ливада, а Сабрина покажа и голем број други комбинации, како мрежести чорапи со бел цветен корсет и сина наметка.
Покрај интересниот едиторијал, Сабрина најави и нов албум наречен „Најдобар пријател на човекот“, кој ќе излезе на 29 август 2025 година. Заедно со објавувањето, пејачката сподели и провокативна фотографија на која позира во кучешка поза, додека маж ја држи за коса – алудирајќи на насловот на албумот кој игра на зборови и симболика. Голем интерес на обожавателите предизвика и фотографија од кучешкo ремче со наслов на албумот.
„Волонтирам да бидам твое куче“, „Oва лето само станува се подобро и подобро“, „Сабрина само лежерно го спасува секое лето“, беа само дел од коментарите под објавата.