(ФОТО) Роналдо и Георгина очекуваат близнаци: Срцата ни се полни со љубов

Еден од најдобрите светски фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо, и неговата свршеничка Хеорхина Родригес преку социјалните мрежи соопштија дека очекуваат близнаци.

Славниот Португалец преку својот Instagram профил сподели фотографија на која се гледа како држат снимка од првиот ултразвук, а нивните фанови беа одушевени.

„Со задоволство соопштуваме дека очекуваме близнаци. Срцата ни се полни со љубов, едвај чекаме да ве запознаеме“, напиша фудбалерот на Манчестер Јунајтед покрај емотивната фотографија.

Роналдо е татко на четири деца, три доби преку сурогат мајка, а четвртото Алана Мартина, го роди Хеорхина, откако Кристијано Јуниор и близнаците Ева и Матео беа родени со вештачко оплодување. Имињата на мајките никогаш не беа објавени, а децата се родени во Ла Меса, Калифорнија, во близина на границата со Мексико.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e