Антониа Гиговска на својот 22-ри роденден ги воодушеви фановите со прекрасните вести кои ги сподели.
Имено, пејачката објави дека таа и нејзиниот партнер очекуваат дете.
„Долго време молчевме, а сега дојде време да ја споделиме најголемата среќа со вас. Малечко мое. Отсега секој мој роденден ќе го славиме заедно. Погодете кој ќе стане мајка… Што мислите, машко или женско е? Ние веќе знаеме“, напиша Гиговска во описот на фотографиите.
Пејачката откри и дека нејзиниот избраник ја запросил, но и дека сам го избирал вереничкиот прстен.
„Прстенот го бирал сам. Умирам од среќа. Си славам. Роденден, бебче, прстен, сè“, додава Антониа во објавата.
Нејзиниот избраник всушност е младиот музичар Роберт Спасенчовски кој и тоа како бил близок со поранешното момче на Антониа.