Марго Роби ќе ја глуми Барби во истоимениот филм, а зад целиот проект стои компанијата „Warner Bros“, на чиј профил на Твитер е објавена првата фотографија на која гледаме како ќе изгледа австралиската актерка во оваа реализација.
Откриено е и кога филмот ќе почне да се прикажува во кината.
Тоа е 21-ви јули 2023 година.
Како што можете да видите, Марго Роби како Барби седи во розова „шевролет корветa“ и позира со насмевка на лицето.
Филмот ќе го режира Грета Гервиг, која го напиша сценариото, заедно со нејзиниот долгогодишен партнер Ноа Баумбах, пишува „Дејли мејл“.
Ликот на Кен ќе го толкува Рајан Гослинг, а во овој филм ќе играат и Вил Ферел, Иса Ре, Симу Лиу, Кејт Мекинон, Америка Ферер, Мајкл Сера и Александра Шип.