Пејачката Ријана и нејзиното момче Асап Роки излегле на вечера во познат ресторан, а тој момент бил фатен од внимателното око на папараците.
Пејачката постави нови модни стандарди за време на бременоста, а Ријана и сега по раѓањето на момчето продолжува да инспирира многу жени.
Имено, Ријана за излегувањето облекла црн корсет, предимензионирана јакна и кожно мини здолниште и така гордо ги покажала своите облини, уште еднаш воодушевувајќи ги своите фанови.
Самиот факт што познатата пејачка не се фрлила веднаш на ригорозна диета за да си ја врати старата тежина израдува многумина.
Секогаш со префинет вкус, моќна и уникатна, таа со секси стајлинг покажа како прекрасно може да се однесе вишокот килограми.